Кремљ: Лондон има право да побара да ги испраша осомничените за труењето во Велика Британија

Од:

Русија е подготвена да го разгледа барањето од британските истражни органи да пристигнат и да ги испитаат двајцата мажи, обвинети за труењето на поранешниот руски шпион во Солсбери, изјави портпаролот на Кремљ.

Велика Британија ги обвини Александар Петров и Руслан Боширов минатата недела за обид за убиство на двојниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, со нервен агенс „Новичок“, создаден во советско време.

Двајцата го преживеаја нападот во Солсбери на 4 март, но, еден локален жител подоцна почина откако најверојатно имал контакт со отровот.

Петров и Боширов се појавија вчера на руската телевизија „Раша тудеј“ и рекоа дека го посетиле Солисбери како туристи и немаат никаква врска со труењето. Тие го негираа тврдењето на Велика Британија дека се соработници на руската воена разузнавачка служба, велејќи дека се занимаваат со бизнис за храна.

Портпаролот на претседателот Владимир Путин Дмитриј Песков денеска рече дека руските власти ќе го разгледаат барањето на Велика Британија тие да бидат испрашани, ако постои такво. Тој додаде дека Велика Британија во неколку наврати ги одбила руските предлози за спроведување заедничка истрага.

– Постои механизам за правна помош регулиран со билатералните спогодби и меѓународното право, им рече Песков на новинарите, додавајќи: „Ако добиеме официјално барање од Лондон, тоа сигурно ќе биде разгледано од страна на руската страна, строго во согласност со законот”.

Тој додаде дека „од самиот почеток Русија ја истакна својата подготвеност да соработува во разјаснувањето на околностите на она што се случи во Солсбери и откривањето на сторителите”, но „британската страна категорично ја отфрла таквата соработка”.

– Обвинувањето кон Русија, по изјавите на двајцата руски граѓани, е апсурдно. Тие се обични граѓани. Тие немаат никаква врска со руската влада, забележа Песков пред новинарите, откако Лондон го нарече интервјуто на двајцата „лага”.

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант вчера изјави дека телевизиската изјава на двајцата Руси, кои наликуваат на мажите обвинети од Лондон за труењето во Солсбери, е измама.

„Време е да се стави крај на лажните телевизиски изјави – светот е свесен дека Русија стои зад тоа”, напиша Хант на Твитер.

Двајцата Руси, на руската државна телевизија, изјавија дека отишле во Лондон како туристи и го посетиле британскиот град Солсбери за да ја разгледаат катедралата.

Песков рече дека уште немал време да го гледа интервјуто и не знае дали Путин го гледал. Тој не сакаше да каже, колку време им требало на руските власти да ги пронајдат двајцата мажи и рече дека Кремљ нема никаква врска со организирање на интервјуто со нив.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје