Кремљ ја поздрави подготвеноста на Бајден за дијалог

Од:

Кремљ денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин поддржува дипломатија и разговори за тензиите околу Украина, додавајќи дека Москва смета оти е позитивен знак за подготвеноста на американскиот претседател Џо Бајден за дијалог.

– Претстојните разговори ќе бидат многу тешки и ќе бараат „голема флексибилност од двете страни, политичка волја“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според Русија, тие треба да доведат до промена на безбедносната структура во Европа.

Кремљ, исто така, го поздрави директното обраќање на Бајден до руските граѓани.

Официјална Москва ја негираше одговорноста на Русија за кибер нападите врз украинското Министерство за одбрана, армијата и две банки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

Руте повика на нормализација на односите со Русија

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија