Кремљ ги обвини балтичките земји за „екстремно агресивен став“ за војната во Украина

Од:

Кремљ соопшти дека повиците на Литванија да ѝ се помогне на Украина со испраќање напредни борбени авиони се „доказ за исклучително агресивните ставови“ на балтичките земји.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, рече дека „големите европски земји“ треба да се спротивстават на таквите ставови.

Изјавата на Песков дојде еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Америка нема да испрати борбени авиони Ф-16 во Украина. Киев неодамна во неколку наврати ги повика своите сојузници да ѝ донираат напредни борбени авиони на Украина за да може да воспостави контрола над нејзиниот воздушен простор.

Украинското воено воздухопловство во моментов користи стари советски борбени авиони. „Скај њуз“ потсетува дека извор од британското воено воздухопловство неодамна одговори „никогаш не вели никогаш“ на прашањето за донации на борбени авиони, додавајќи дека тоа „во моментов не е приоритет“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Песков: Руските специјални служби се грижат за безбедноста на Путин