Кремљ: Апсурдна е одлуката на ЕУ за суспендирање на визите за руските граѓани

Од:

Кремљ денеска ја оцени како „апсурдна” одлуката на Европската унија (ЕУ) да го суспендира договорот за визно олеснување со Русија.

„Тоа е смешна одлука во низата апсурди“, изјави на дневната прес-конференција портпаролот на Кабинетот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Ова е лошо за Русите, бидејќи веројатно ќе им биде подолго и потешко да добијат визи“, рече Песков, додавајќи дека мерката иствремено ќе ги направи работите „покомплексни“; за Европејците.

Тој не спомна конкретни ретроактивни мерки од страна на Москва.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, вчера во Прага најави дека нема целосно да се укине можноста за доделување визи за влез во ЕУ за руските граѓани, туку дека Брисел целосно ќе го укине договорот за визни олеснувања за Русите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ