Крамп-Каренбауер потврди дека нема да учествува на избори, но оти останува лидерка на “ЦДУ”

Од:

Крамп-Каренбауер беше во центарот на политичкиот скандал заради кој за време на викендот беше свикан и состанок на владејачката коалиција, со кој претседаваше канцеларката Меркел, откако во покраината Тирингија првпат беше избран премиер со помош на гласовите на десничарската „Алтернатива за Германија“.

Откажувањето од кандидатурата за канцелар предизвика различни реакции, германската левица е шокирана, а десницата е воодушевена.

Прв реагираше државниот секретар за Европа, социјалдемократот Михаел Рот, кој на “Твитер” напиша „Земјотресот продолжува“.

Тој додаде дека по повлекувањето на Крамп-Каренбауер, уште понеизвесно е дали „пристојните демократи ќе останат обединети, без оглед на партиската припадност, во борбата за демократија и против национализмот“.

Нејзина заслуга беше одржување на ограничувањата на Унијата кон десницата, рече Кипинг.

Во исто време, веста за повлекувањето на Крамп-Каренбауер ја израдува “АфД”.

Александар Гауланд, претседател на пратеничката група на партијата, ја поздрави нејзината одлука и рече дека сега гледа шанса за доближување на “ЦДУ” и “АфД”.

Сосема е бесмислено и нереално трајно да се одбива соработка со “АфД”, рече Гуланд.

Би можело да ве интересира

Фридрих Мерц избран за нов лидер на Христијанско-демократската унија на Германија

А1он

Билд: На конгресот на ЦДУ во декември ќе се решава судбината на Лашет

А1он

Зедер: Следните четири години ЦДУ/СДУ ќе биде опозиција

А1он

ЦДУ и Зелените разговараа за можна коалиција два и пол часа

А1он

Во рамките на ЦДУ/ЦСУ расте притисокот врз Лашет

А1он

Лашет: Ниту една партија нема јасен мандат за формирање влада

А1он