Синот на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Џорџ Александар Луис е едно од најбогатите деца во светот.
-Бебето на Вилијам и Кејт е едно од најбогатите на светот-изјави еден експерт од кралското семејство.
Богатството на новородениот принц доаѓа од големи фондови, кои вклучуваат и палати, неверојатни уметнички дела, накит, непроценлива колекција која што се чува во лондонската палата уште од 14-ти век и слично.
-Тоа е приказната на Кејт, фантазијата се оствари. Тие имаат бебе милијардер-додаде експертот, кој сакаше да остане анонимен.
Елена Георгиевска