Кралски питон долг метар и пол е откриен во шумска област во близина на паркинг во Виена, соопшти денеска полицијата на австриската престолнина.
Змијата ја забележал полицаец кој веднаш ја подигнал од земја и ја предал на службата за спасување животни, соопшти полицијата.
Се претпоставува дека рептилот бил напуштен бидејќи бил во прилично лоша состојба кога бил пронајден. Не се обидел да побегне или да го нападне полицаецот што го видел. Кралските питони потекнуваат од Западна и Централна Африка. Тие не се отровни и се сметаат за релативно мирни животни.