Кралот Чарлс во Северна Ирска

Од:

Кралот Чарлс денеска пристигна во Северна Ирска во рамки на обиколката на четирите делови на Обединетото Кралство, предводејќи ја нацијата која тагува по својата почината кралица Елизабета Втора.

Тој пристигна во Северна Ирска од Шкотска, каде ја придружуваше поворката со ковчегот на кралицата пеш од замокот Единбург до катедралата Свети Егидио.

Луѓето со часови во текот на ноќта чекаа во редици пред катедралата во Единбург за да се простат од кралицата, некои со заспани деца во нивните раце.

Елизабета почина во четвртокот во замокот Балморал во шкотските висорамнини на 96-годишна возраст, по повеќе од седумдеценско владеење.

Предвидено е ковчегот со посмртните останки на кралицата вечерва да бидат префрлени во Лондон, каде наредните четири дена граѓаните ќе можат да се простат од кралицата Елизабета Втора.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Маск: Кралот Чарлс треба да го распушти парламентот и да распише избори

Кралот Чарлс во божиќното обраќање повика на национално единство: „Примерот што го дал Исус е безвременски и универзален“

А1он

Лекувањето на кралот Чарлс продолжува и следната година

Крунисувањето на кралот Чарлс чинеше 86 милиони еврa

И кралицата Камила зема одмор и повремено се повлекува од должностите

А1он

Британскиот крал Чарлс ја пофали решителноста и силата на Украинците