Кралицата Елизабета помилува затвореник

Од:

Британската кралица Елизабета Втора го помилува 42-годишниот Стивен Галант, затвореник кој издржува казна за убиство, кој минатата година стана познат кога помогна да запре терорист на мостот во Лондон.

Галант се најде на местото на инцидентот затоа што учествуваше во настан како дел од програмата за рехабилитација на затвореници во ноември 2019 година, кога Усман Кан, вооружен со два ножа, нападна минувачи и уби двајца студенти кои помагаа во програмата за рехабилитација на затворениците, пишува Јуроњуз.

Снимките од нападот покажуваат дека Галант и уште двајца мажи успеале да го запрат Кан во натамошните намери.

Со одлука на кралицата Елизабета Втора, казната му е скратена за 10 месеци за да може да се појави пред комисијата за помилување во јуни.

„Галант ќе добие признание за неговиот храбар чин со кој ги спаси животите на луѓето, а го ризикуваше својот“, соопшти Министерството за правда.

Галант беше осуден во 2005 година на 17 години затвор за убиство на пожарникар.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година