Британската кралица Елизабета ја напушти лондонската болница, во која беше задржана еден ден, поради стомачни проблеми.
Кралицата во болницата беше задржана поради гастроентеритис, односно воспаление на желудникот и тенкото црево.
Таа поради болеста ги откажа состаноците кои ги имала закажано за неделава.
Ова беше нејзин прв престој во болница, по 10 години.