Британската кралица Елизабета Втора денес го посети својот правнук, синот на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Како што пренесе „BBC“ кралицата во посетата во Кесингтон заминала од Бакингемската палата, пред заминувањето на летен одмор во замокот Балморал во Шкотска.
Принцот Вилијам на новинарите им рече дека се уште не се одлучиле кое име да му го дадат на нивниот син, кој ќе биде трет по ред за наследување на британскиот трон.
Кога Вилијам беше роден во 1982 година, името беше објавено по седум дена, а името на неговиот татко Чарлс, јавноста го дозна дури месец дена по неговото раѓање во 1948 година.
Елена Георгиевска