Кралицата Елизабета бара помошник на готвачот, чија плата би била 27.000 евра

Од:

Се бара помошник на главниот готвач, годишната плата изнесува 27.000 евра, за 45-часовна работна недела, стои на огласот кој на интернет го поставија од Бакингемската палата.

Кандидатите мора да бидат квалификувани за подготовка на јадење од две лица го група гости.

Освен доброто познавање на француската готвачка терминологија, од нив се бара да поседуваат и вистинска страст кон готвењето.

Иако воглавно ќе се работи во Бакингемската палата, готвачите на 87-годишната британска кралица Елизабета Втора, мора да бидат подготвени по три месеца годишно да поминат и во некоја друга кралска резиденсција, како што е дворот Балморал во Шкотска или палатата Сандрингем, на истокот на Англија.


Што јаде британската кралица

Дарен Мекгрејди, кој 15 години помина во Бакингемската палата изјави дека кралицата за појадок најмногу сака да јаде житарици, леб со џем или чоколаден колач, додека за ручек нејзиното омилено јадење е риба.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја