Јорданскиот крал Абдула Втори денеска ги отфрли сите обиди за промена на статусот на Ерусалим и светилиштата во градот и предупреди дека мирот во регионот е невозможен без решение на израелско-палестинскиот конфликт.
– Насилството е резултат на неуспехот да се најде мирно решение за палестинското прашање, изјави кралот Абдула на вонредниот состанок на лидерите на муслиманските земји што се одржува во Истанбул.
Јорданскиот крал ја оцени одлуката на Трамп како „опасна и дестабилизирачка“ која ги „отежнува напорите за заживување на мирниот процес помеѓу Израел и Палестинците“.