Крај Кабул запалени 400 цистерни за гориво, талибанците ја презедоа одговорноста за нападот

Од:

Најмалку 400 камиони-цистерни за гориво горат на паркинг во предградие на авганистанската престолнина Кабул, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на претставници на авганистанските служби за безбедност.

Властите стравуваат дека пожарот може да одзел и човечки животи.

Почната е истрага за причините за палењето на камионите.

Портпаролот на авганистанските талибанци Забиула Муџахид ја презеде одговорноста за пожарот, што тој го оцени како талибански напад. Во соопштението на талибанскиот портпарол, лиферувано низ авганистанските медиуми, се појаснува дека талибанците ги запалиле камионите затоа што пренесуваат гориво за странските сили во Авганистан.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски