Крај бреговите на Италија за 24 часа откриени над 700 имигранати и бегалци

Од:

Италијанската крајбрежна стража денеска соопшти дека во последниве 24 часа на четири брода во близина на бреговите на Италија открила над 700 имигранти и бегалци.

На еден мал брод, кој пропуштал вода, биле откриени 207 имигранти по потекло од Нигерија, Гана и Еритреја, меѓу кои имало и шест деца и две трудници.

На друг брод во близина на островот Лампедуза биле пронајдени 212 имигранит, меѓу кои и осум деца.

Во близина на источниот брег на Сицилија, припадниците на крајбрежната стража откриле уште два брода со купно 293 лица од Сирија и Египет.

Во соопштението се посочува дека во последниве месеци е зголем бројот на државјани на Сирија и Египет кои се обидуваат илегално да дојдат до територијата на Италија.

Според подаотиците на италијанското Министерство за внатрешни работи од почетокот на годинава во Италија пристигнале над 3.000 бегалци од Сирија.

Би можело да ве интересира

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ