Крадец украде Снешко од пред паб во Велика Британија

Од:

Засега непознат крадец украде снешко направен од редовни гости на британски паб пред објектот, објавија денес локалните медиуми.

Управата и гостите на пабот останаа запрепастени откако безбедносните камери ја снимија необичната кражба што се случи пред објектот, објави GB News.

Снешкото го направиле редовните гости на пабот Потер во Лонгтон, а персоналот со љубов го крстил Семи.

Видео клипот прикажува три лица како поминуваат покрај пабот, кога еден член од групата се одвоил од другите.

Човекот истрчал преку улицата покриена со снег и го зграпчил снешкото, пред да избега од местото на настанот.

Калум Чедвик, менаџерот на пабот, ги прегледал снимките од безбедносните камери и го опишал необичниот инцидент.

Менаџерот потврдил дека пабот нема да ја вклучи полицијата во случајот, но додаде дека е збунет околу мотивите што би можеле да стојат зад таков чин.

„Очигледно е дека тоа не е нешто што би го пријавиле во полиција, но едноставно не можевме да разбереме зошто некој би сакал да украде снешко“, објасни тој.

Менаџерот на пабот призна дека идентитетот на сторителот веројатно ќе остане мистерија.

„Кој би признал дека украл снешко од паб?“, заклучи Чедвик.

Би можело да ве интересира

Почина британскиот музичар – Крис Риа

А1он

Авион удри во резервоар за гориво на аеродром во Велика Британија

А1он

ВИДЕО: Британците не разменуваат разузнавачки информации со САД поради нападите врз бродови во Карибите

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија

Трамп: Посетата на Велика Британија е една од најголемите почести во мојот живот

Уцени во британската политика, истражителите се сомневаат дека тоа е дело на кинеските служби