Крадци пронашле боен отров од Првата светска војна во тврдина во Варшава

Од:

Во една од стари напуштени тврдини околу Варшава крадци случајно откриле речиси 200 боци со боен отров од време на Првата светска војна. Местото сега го обезбедува полицијата откако археолози тврдат дека боците се вистинска реткост и оти музеи од светот би сакале да ги имаат кај себе.

Таквите боци се употребувани во Првата светска војна за време на хемиски напад на пруската војска за време на битката крај Болимов во 1915 година.

Неколку боци се сочувани во музеј во Белгија.

– За архолозите тоа е „Свет грал“ од Големата војна. Музеите би се истепале за нив. Такво нешто се наоѓа еднаш во животот, вели Роберт Виротскјевич од Мазовјецкото историско здружение.

Боците со боен отров се претежно германски и археолозите претпоставуваат дека во нив е хлор, но не исклучуваат дека може да има и иперит.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази