Ковни: Можен е договор помеѓу Велика Британија и Ирска до крајот на денот

Од:

Се уште не е постигнат договор меѓу Велика Британија и Ирска во однос на иднината на границата со Северна Ирска по Брегзит, но може е да биде постигнат напредок до крајот на денот, изјави Сајмон Ковни, ирскиот министер за надворешни работи.

Тој додаде дека разговорите меѓу Лондон и Даблин се во чувствителна позиција и дека и двете влади ги разгледуваат можните верзии за текстот на договорот. Договорот за границата со Ирска е предуслов за Велика Британија да премине во следната фаза од преговорите за излез од ЕУ.

– Се надевам дека денеска ќе оствариме напредок, нагласи ирскиот министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Даблин: Неколку лица се избодени со нож, напаѓачот е уапсен

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори