Аргентина се обидува да ја реши мистеријата во која со Ковид-19 се заразија 57 морнари, по 35 дена поминати на море.
Коронавирусот се појавил и покрај тоа што сите морнари пред да отпловат биле негативни на вирусот.
„Рибарскиот брод „Ечизен Мару“ се врати на пристаништето откако дел од морнарите развија симптоми кои се својствени за Ковид-19“, објави аргентинското Министерство за здравство во понеделникот.
Според Министерството, 57 од 61 член на посадата се позитивни на коронавирусот.
Сите биле тестирани 14 дена пред пловидбата, биле негативни и до закотвувањето на бродот и биле во задолжителен карантин во хотел во градот Ушуаиј.
Само два морнари се негативни на Ковид-19, а резултатите се чекаат за уште двајца од посадата.
Двајца од морнарите се хоспитализирани.
„Тешко е да се утврди како се заразени, бидејќи 35 денови не биле во контакт со никој, а снабдени биле со намирници од Ушуај“, вели епидемологот Алехандра Алфаро.
Тимот сега се обидува да ја утврди хронологијата на симптомите за да ја утврди и хронологијата на заразата.
Директорот на одделението за заразни болести во Ушуај, Леандро Балаторе, вели дека инкубацијата од 35 денови се уште не е опишана.
Бројот на заболени од Ковид-19 во Аргентина надмина 100.000, а починати се повеќе од 1.900. Повеќето заразени се на подрачјето на Буенос Аирес.