Ковид-19 ја зголеми потрошувачката на алкохол во Русија

Од:

Потрошувачката на алкохол за време на периодот на самоизолација во Русија е зголемена за два до три отсто, објави ТАСС.

Руското Министерство за здравство предупреди дека алкохолот го намалува имунитетот и не треба да се користи за лекување или спречување на инфекција со коронавирус.

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко забележа зголемување на потрошувачката на алкохол во Русија за два до три отсто за време на режимот на самоизолација, воведен во борбата против пандемијата на коронавирусот.

– Севкупно, потрошувачката на алкохолни пијалоци се зголеми за околу два до три проценти и тоа е прилично стабилна тенденција. Но, јас би сакал да кажам дека алкохолот во оваа ситуација не помага во третманот на вирусни инфекции, особено кај зарази со коронавирус. Алкохолот го слабее имунолошкиот систем кај пациенти со кардиоваскуларни заболувања и предизвикува влошување на веќе постоечките хронични заболувања. Затоа, алкохолот дефинитивно не е прифатлив во ваква ситуација, нагласи Мурашко.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот