Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Од:

Европската Унија мора да биде вклучена во преговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина со цел да се направи мапа на идната европска безбедносна архитектура, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Антонио Koшта.

„Не се работи само за Украина. „Во преговорите за нова безбедносна архитектура, треба да земеме предвид дека Русија претставува глобална закана, а не само закана за Украина“, рече Кошта во интервју за „Фајненшл тајмс“ пред итниот состанок на европските лидери во Париз, на кој ќе се разговара за ситуацијата во Украина.

Тој нагласи дека „Европа треба да биде клучен играч во дизајнирањето нова безбедносна архитектура“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп „навистина сака Европејците да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност“.

Би можело да ве интересира

Москва: Без сеопфатен договор, нема крај на конфликтот

Косачeв: Киев сака нуклеарно оружје за иден напад врз Русија

Горан Наумовски

Седум полицајци се повредени во експлозија во Украина, Зеленски тврди: Тоа е тероризам

Захарова ја откри причината за војната во Украина

Макрон: Војната во Украина е стратешки, воен и економски неуспех за Русија

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори