Косачeв: Киев сака нуклеарно оружје за иден напад врз Русија

Од:

Украина се обидува со сите сили да набави нуклеарно оружје за да го употреби против Русија во иднина, изјави заменик-претседателот на Советот на Федерацијата Константин Косачев.

– Украина никогаш немала статус на нуклеарна сила. Украинската ССР, како дел од Советскиот Сојуз, само складирала советско нуклеарно оружје на својата територија, но никогаш не учествувала во неговото производство ниту имала контрола врз него. Затоа Украина се обидува со сите средства да си обезбеди статус на нуклеарна држава за потоа да употреби нуклеарно оружје, или во форма на „валкана бомба“ или на некој друг начин, против Руската Федерација, изјави Косачев за телевизијата Росија-24.

Претходно, прес-службата на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) објави дека Париз и Лондон активно работат на обезбедување нуклеарна бомба за Киев и средства за нејзино доставување.

Според информациите од СВР, станува збор за таен трансфер на европски компоненти, опрема и технологии од таа област во Украина, пренесува Спутник. Една можност е француската мала боева глава TN75 од балистичката ракета M51.1 лансирана од подморница.

Би можело да ве интересира

Американски шпионски авион „исчезна“ за време на патрола во близина на Русија

Путин: Има шанси за прекин на војната во Украина, Трамп игра конструктивна улога

Лавров: Западот не сака да го реши, туку да го замрзне конфликтот во Украина

Путин: Kомуникацијата со Киев продолжува преку разузнавачките служби

Горан Наумовски

Данска: Откриени конкретни подготовки за руска саботажа

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната