Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот на европскиот континент денеска надмина еден милион, додека различните варијанти на вирусот кои предизвикуваат трет бран инфекции, повторно ги полнат болниците.
Од почетокот на пандемијата, регистрирани се најмалку 37.221.978 инфекции и 1.000.062 смртни случаи во европскиот регион.
Во регионот, кој вклучува 51 земја, регистрирани се околу 35,5 проценти од сите смртни случаи од коронавирус и 30,5 проценти од сите случаи ширум светот.
Регионот ги вклучува Русија, Велика Британија, 27 членки на Европската унија и други земји.
Бројот на инфекции во Европа почна да расте, а Франција неодамна го забележа најголемиот еднодневен скок на случаи од ноември досега.
Европа во моментов известува за еден милион нови случаи приближно на секои шест дена.