Рускиот Центар за управување со летови изврши успешна операција за корегирање на височината на орбитата на Меѓународната вселенска станица (МВС), јави ТАСС.
Претставник на руските Ракетно-вселенски единици соопшти дека корекцијата на орбитата на Станицата била извршена со помош на моторите на вселенскиот брод „Прогрес М-26М“.
Според истиот извор, целата операција траела 32 минути и при тоа орбитата на МВС е зголемена за 2,8 километри на во просек 405 километри.
Првично операцијата беше планирана за 16 мај, но таа беше одложена откако беше издадена наредба за забрана за вклучување на моторите на бродот „Прогрес М-26М“.