Корбин: Договорот за Брегзит треба да се отфрли

Од:

Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин изјави дека договорот на премиерот Борис Џонсон е „уште полош“ од оној на Тереза Меј, кој три пати беше одбиен од Парламентот.

– Овие предлози ризикуваат да предизвикаат трка до дното на правата и заштитите: ставање под ризик на безбедноста на храната, намалување на еколошките стандарди и правата на работниците и отворање на нашиот национален здравствен систем кон преземање од страна на американски приватни корпорации, изјави Корбин.

– Овој договор за распродажба нема да ја обедини земјата и треба да биде отфрлен. Најдобар начин да се реши Брегзит е на народот да му се даде последниот збор на јавно гласање, додаде лидерот на лабуристите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска