Координација меѓу ЕУ и Западен Балкан за мигрантите

Од:

Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано изјави дека контактите и координацијате на Брисел со земјите од Западен Балкан се подразбираат кога станува збор за одговорот на новиот бран мигранти кои се обидуваат да влезат во Европа преку Турција.

– Во контакт сме и се усогласуваме со земјите од Западен Балкан, особено со оние што се во процес на пристапување, рече Стано.

Тој потсети дека земјите од Западен Балкан беа меѓу првите кои беа погодени од мигрантскиот бран во 2015 година и оти од тогаш до денес е развиена добра координација и соработка, и дека земјите од регионот редовно добиваат поддршка од ЕУ.

Портпаролот на ЕУ, исто така, рече дека министрите за надворешни работи на ЕУ неделава ќе се состанат на вонреден Совет во Брисел за да разговараат за понатамошните чекори на ЕУ, пред се во обидите да се запрат воените акции во северозападна Сирија и сириското прашање да се врати на дипломатска маса под покровителство на ОН.

Би можело да ве интересира

Грчки граничар е ранет во престрелка во близина на грчко-турската граница

(ВИДЕО) Големи поплави во дел од ЕУ, се евакуира населението, се зголемува бројот на загинати

Горан Наумовски

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Балтичките земји ја повикаа ЕУ да изгради одбранбена линија со Русија и Белорусија

Горан Наумовски

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат