Голем број конзервативни претставници во британскиот парламент и дадоа на премиерката на Велика Британија, Лиз Трас, 17 дена да ја спаси својата функција.
Како што пренесуваат британските медиуми, некои претставници на ториевците предупредија дека таа ќе ја загуби позицијата доколку со извештајот на министерот за финансии Кваси Квартенг на 31 октомври не се стави крај на турбуленциите на економскиот пазар.
Порталот „Дејли мејл“ наведува дека министерот за финансии во четвртокот навечер ги откажал средбите во Вашингтон и се подготвил да се врати во Велика Британија за да разговара со Трас во врска со буџетот.