Цените на нафтата, по одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да забрани увоз на руска нафта, забележаа раст.
Барел американска лесна нафта денеска се тргуваше за 127,21 долари, што е зголемување за 7,91 долари во споредба со вчера.
Додека цената на европската нафта Брент се зголеми за 8,21 долари и барел се тргува за 131,41 долари.
Извор: МИА