Европската унија соопшти дека преку анализа е откриено дека во повеќе производи кои што се продавани како говедско место се откриени трагови од коњско месо.
Според унијата еден од 20 производи од говедско место кое што е продавано во Европа содржи коњско месо.
Во анализата на повеќе од 4 илјади производи е откриено дека 193 од нив содржат трагови на коњско месо.
Дополнителни тестови покажаа дека во 16 производи од говедско месо имало траги на лекови кои се даваат на коњи, а кои можат да бидат штетни за луѓето.
Европскиот комесар за здравство, Тонио Борг тоа го опиша како измама на потрошувачите и апелеираше да се воведат нови казнени мерки против компанијата која додава коњско месо во производите, додека на етикетите тврдат дека содржи само говедско месо.
Елена Георгиевска