Конгресот на локални и регионални власти предлага мерки против радикалзиацијата

Од:

Конгресот на локалниte и регионалните власти при Советот на Европа во рамки на 28-та сесија усвои Резолуција и препорака за улогата на локалните заедници во борбата и превенцијата на радикализацијата, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Конгресот ќе треба да изработи насоки за превенција на радикализацијата и изразите на омраза на локално ниво до својата идна сесија закажана за октомври оваа година, како и педагошки средства кои треба да им послужат на локалните власти за организирање на меѓукултурни и меѓурелигиозни активности. Конгресот се обврза да развие и модели за обука за прашањата поврзани со човековите права и редовно да организира Форум за човекови права на локално ниво, чие прво издание ќе се одржи во Грац на 28 и 29 мај 2015.

Меѓу предложените мерки се наоѓаа правењето на преглед на правниот арсенал на Советот на Европа во однос на граѓанското учество во соживотот, посебно дополнителниот протокол на Европската повелба за локална власт и правото да се учествува во колективните заедници.

Во усвоените документи на Конгресот посебно се инсистира на важноста за ангажирањето на граѓаните, посебно на младите, на пример во кампањите за чивствителноста, пред се во школските средини, учеството во градските совети или во советите на странците резиденти и промоцијата на меѓурелигиозниот и меѓукултурниот дијалог.

Според Гун Маит Хелгесен од Норвешка, која ги претстави извештаите изработени од Лен Вербек од Холандија, последните атентати во Брисел, Париз, Копенхаген и Тунис покажаа дека „оваа закана, како никогаш досега е актуелна и треба да биде разгледувана со заедничка акција на ниво на сите власти“.

Според неа, борбата против тероризмот не е само национална задача, таа подразбира и акција на локално и регионално ниво, што е предвидено со Акцискиот план  за борба против тероризмот на Советот на Европа за периодот 2015-2017 година.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он