Конгресменката Омар бара истрага против Трамп заради смртта на нејзиниот татко од Ковид-19

Од:

Американската конгресменка од Минеаполис, Илхан Омар, побара отворање истрага против американскиот претседател Доналд Трамп за „криминално занемарување на лекувањето на нејзиниот татко“.

Таткото на Илхан Омар, Нур Ома Мохамед починал од Ковид -19 во јуни годинава.

Илхан Омар ја обвини Белата куќа за лошиот третман на заразените за време на пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека администрацијата на Трамп е одговорна за смртта на 300.000 луѓе.

-Татко ми и повеќе од 300.000 луѓе починаа затоа што Трамп ја третираше пандемијата на криминално неодговорен начин, како и неговата администрација, рече таа за Ем-ЕС- Ен-Би-Си.

Омар е родена во Могадишу и е членка на Фармерско-работничката демократска партија, а позната е по несогласувањата со Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он