Конгресмени бараат од Трамп да воведе санкции против војската во Мјанмар

Од:

Повеќе од 40 конгресмени ја повикаа администрацијата на претседателот Доналд Трамп да воведе забрана за воени лидери од Мјанмар за влез во САД и да подготви конкретни санкции против лицата одговорни за прогонот на муслиманското малцинство Рохинџи.

Во писмо до државниот секретар Рекс Тилерсон, група демократи и републиканци од Претставничкиот дом побараа да се преземат „значителни мерки“ против воените и други лица во Мјанмар кои ги прекршиле човековите права при нападите и протерале повеќе од половина милион Рохинџи во странство.

Тилерсон, пак, пред вашингтонскиот Центар за стратешки и меѓународни студии, истакна дека САД ги сметаат за одговорни воените лидери во Мјанмар поради насилните прогони на муслиманите, но сепак не се осврна на прашањето за воведување можни санкции за прекршителите на човековите права во оваа азиска земја.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Рубио: Кина би можела да го затвори Панамскиот канал во случај на конфликт со САД

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски