Конгресмен се извини поради објава на „Твитер“ за Обама

Од:

Републиканскиот конгресмен Ренди Вебер од Тексас се извини поради тоа што на „Твитер“ го споредил американскиот претседател Барак Обама со Адолф Хитлер.

-Немав намера да го споредувам претседателот со Хитлер. Неговото име само требаше да го претставува лицето на злото кое постои во светот денес. Сега сфаќам дека името на Хитлер предизвика болка и емоционална траума, за оние кои се погодени со злосторствата на Холокаустот и жртвите на антисемитизмот и омразата- наведе Вебер.

Во соопштението кое што го пренесе „Еј Би Си Нуз“, конгресменот наведува дека се соочуваме со зло на исламски екстремисти кои се обидуваат да влеат страв и да убиваат невини лица од Париз до Нигерија и Ерусалим и ширум светот.

„Дури и Адолф Хитлер би размислил подобро од Обама, дека е важно да отиде во Париз – е твитот во кој Вебер го критикува Обама поради отсуство на маршот на солидарност кој се одржа во Париз по терористичките напади во Франција.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак