Припадници на вооружено племенско движење во Конго, во почеток на јуни запалија куќа во која што имало 16 луѓе, соопштија извори од Обединетите нации.
Жртвите се нашле на мета на полицијата Маи Маи Баката – Катанга која што извршила рација во селото Лвела, а подоцна локалната група Симба Мото се осветила усмртувајќи седуммина припадници на полицијата Маи Маи, пренесе „Франс прес“.
Покраината Катанга е најбогатиот дел на државата, кој што обилува со минерали и други природни богатства, како и родно место на претседателот Џозеф Кабиле.
Елена Георгиевска