Силна експлозија денеска го потресе градот Гома во источниот дел на Конго, во која загина дете, а повредени се 32 припадници на мировните сили од Индија, соопшти мисијата на ОН.
Причината за експлозијата засега не е позната, а имамот на локалната џамија, Исмаел Салуму тврди дека загинале и тројца мировници.
Во Конго се распоредени 18.000 припадници на мировните сили на ОН.