Конго: Најмалку 129 загинати во потонување брод

Од:

Најмалку 129 лица се удавија откако се превртел брод на езерото Тангањика, на југоистокот на ДР Конго, соопштија денеска властите.

– Спасувачите досега извлекле вкупно 129 тела на настрадани, рече владин претставник.

Несреќата се случила изминатата ноќ на езерото Тангањика, кога се превртел брод пренатрупан со патници и со стоки.

Според министерот за транспорт на провинцијата Катанга, Лоран Кахози Сумбе, бродот, најверојатно потонал бидејќи бил пренатрупан.

Бродските несреќи во кои има жртви се чести на езерата и на реките во ДР Конго. Пловилата се често преоптоварени и неопремени со појаси за спасување, а значителен број патници не се пливачи.

Тангањика е најдлго слатководно езеро на светот, а со ДР Конго го делат Танзанија, Бурунди и Замбија.

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска