Италијанските власти конфискуваа активи над 700 милиони евра од сицилијански бизнисмен познат како „крал на супермаркетите“, осуден за врски со мафијашки шеф.
Суд во Трапани одобри одземање лиценца за 12 фирми, 220 недвижни имоти и 133 парцели земјиште. Се смета дека Џузепе Григоли (64) ги присвоил на незаконски начин вклучително и со перење пари.
Тој поседува голем број супермаркети во западниот дел од Сицилија. Беше уапсен во 2007 година и осуден на 12 години во јули 2012 година. Тој дејствувал во корист на Матео Месина Денаро еден од лидерите на сицилијанската мафија.