Комунистите најголеми добитници на изборите во Чешка

Од:

На регионалните избори во Чешка, како и на изборите за една третина членови на Горниот дом на Парламентот, Сенатот, што вчера и завчера се одржаа во централноевропската земја, убедлива победа извојува левицата, а најголеми добитници се Комунистичката партија.

Според објавените резултати, излезноста на овие избори била традиционално мала од околу 37 проценти, а опозициската Чешка социјалдемократска партија, ЧССД освоила 23,58 проценти од гласовите, додека за Комунистичката партија на Чешка и Моравија гласале 20,44 проценти од избирачите. Владејачката, Граѓанска демократска партија, ОДС е на трето место со 12,29 проценти гласови.

Најголем добитник на овогодишните избори е всушност Комунистичката партија на Чешка и Моравија која доби 68 регионални претставници повеќе од претходните избори пред четири години.

И покрај победата на ЧССД, партијата изгуби 75 мандати, а владејачката ОДС изгуби дури 78 регионални фотелји.

Покрај регионалните, ЧССД, победи и во првиот круг на сенаторските избори, добивајќи можност да го обнови мнозинството што сега го има во Сенатот.

Според аналитичарите, во најголемата владејачка партија, ОДС вината ќе се бара во премиерот Петр Нечас, што може да доведе и до негова оставка од чело на партијата.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница