Кому му пречат џамиите во Германија?

Од:

Свински глави пред џамии, натписи полни со омраза, подметнати пожари… Во Германија има се повеќе напади на муслиманските верски институции и мнозинството сметаат дека надлежните премногу лесно ги сваќаат инцидентите.

Според статистиката на германската Влада, има значително зголемување на бројот на напади врз џамии и други верски институции на муслиманите во Гермнаија. Како што пишува „Ное Оснабрикер Цајтунг“, официјалната статистика од 2001 до 2011 година во просек евидентираше 22 такви напади годишно. Но, во 2012 имаше 35, а лани 36 напади.

Овој извештај е всушност владин одговор на две пратенички прашања на партијата Левица во Парламентот, која сакаше да го слушне одговорот во 2012 година, а подоцна и оваа година.

Претседателот на Централниот совет на муслиманите Ајман Мазаек, во овие зголемени напади гледа знаци за зголемено антимуслиманско расположение и отпор во Германија.

Мазаек во разговор за „Дојче веле“ објаснува дека овие бројки на германската Влада одговараат на евиденцијата на муслиманските здруженија, но тврди дека состојбата всушност е уште полоша. Бидејќи многу инциденти, посебно напишани пароли на ѕидовите на џамиите, воопшто не се пријавуваат или се објавуваат многу подоцна.

Претседателот на муслиманското здружение, всушност покрај овие напади на зградите, уште повеќе го загрижуваат нападите и инцидентите на самите верници, на жени кои носат шамии или на лица кои веќе според ликот можат да се препознаат како муслимани.

Прекор на Германија

Ајман Мазаек затоа бара посебна евиденција на таквите муслимански напади и тие кривични дела да ги истражуваат полицајци кои имаат искуство и кои се сензибилни за такви напади против слободата и религијата. Не би било лошо полицијата да ги заштити и самите згради на џамиите и другите институции, но Мазаек истакнува дека пред се им треба јасна порака од политичарите и жртвите на тие напади и вршителите, дека такво нешто нема да се толерира.

Во Германија има околу 800 џамии каде постојат минариња, па така на прв поглед можат да се препознаат како муслимански објекти. Има околу 3.000 згради кои и без надворешни обележја на муслиманите им служат за молитви и верски живот. Во оваа земја живеат околу четири милиони граѓани од муслиманска вероисповед и како што тврди Мазаек, тие се уште се интегрирани. Се уште го почитуваат системот и социјалата, но прашање е уште колку долго?

Во Германија всушност навистина не постои посебна категорија која би се бавела со напади на муслиманите. Таквите случаи се уште се водат како политички криминал и случаите поттикнати од омраза и нетрпеливост кон странците. Така во Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата, Советот на Европа уште во 1993 година, ја прекори Германија поради нејзините недостатоци во борбата против расизмот.

Според извештаите на ова независно европско тело за надзор на човековите права, во Германија таквите случаи премногу често завршуваат по куса постапка и постои очигледна потреба за реформи во системот на евиденцијата и дефинирањето на расистички, ксенофобични и хомофобични инциденти.

Секој трет Германец не сака муслимани

Конечно и ужасната серија за злосторствата на неонацистичката група НСУ покажа дека омразата кон муслиманите многу предоцна ја препознала како мотив. Всушност, Координативниот совет на муслиманите и на судењето на членка на оваа неонацистичка организација достави досие во кое се предупредува дека практично секои две и пол недели се вршат напади врз џамии, но и дека се во тек и со официјалните бројки, а вистинскиот број е многу поголем.

Психологот и социолог Елмар Брахлер исто така гледа зголемена нетрпеливост кон муслиманите во оваа земја и смета дека таквото расположение веќе ги зафати широките народни маси на германското општество, вклучувајќи ја и средната класа. Засега не сака да оди толку далеку оваа нетолеранција да ја смета за еден вид антисемитизам, но смета дека постојат сличности во предрасудите на германското население.

Брахлер е професор на Универзитетот во Лајпциг и неодамна со колегите објави студија „Стабилизирана средина – екстремни десни ставови во Германија“. Во тоа истражување дојде до заклучок дека нетрпеливоста кон исламот е нов вид на расизам. – Секој трет граѓанин на Германија смета дека на муслиманите треба да им се забрани вселување во земјата, пишува во таа студија.

Политичарката на партијата Левица, Ула Јелпке смета дека оваа зголемена нетрпеливост кон муслиманите не е никаков нов феномен и дека треба да се прецизира исто како антисемитизмот. Оваа политичарка од опозицијата ја обвини Владата дека овој проблем не го сфаќа сериозно.

– Муслиманите не смеат да се претворат во жртвени јариња за политичките и социјалните несреќи, предупреди оваа политичарка, бидејќи со тоа се нанесува голема штета на соживотот во оваа земја.

Дојче Веле – Берлин

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани