Романската компанија „Петром“, контролирана од австриската ОМВ, денеска соопшти дека открила ново наоѓалиште на нафта во Црно Море, а производството може да започне по три-четири години.
Наоѓалиштето е откриено во Истрија на растојание околу 60 километри од брегот и на длабочина од 2,1 километар под морското дно. Длабочината на водата во оваа зона е 50 метри.
– Црно Море е многу важна зона за ОМВ Петром, во која и понатаму има потенцијал за нови откритија. Моментно производството во плитководната зона на Црно Море претставува околу 18 отсто од вкупното производство на компанијата во Романија, истакна Габриел Селиски, член на одборот на директори на ОМВ Петром.
Доколку се покаже рентабилно, производствотоод новото наоѓалиште може да започне за три-четири години, а потребните трошоци за негово разработување се проценуваат на над 100 милиони евра.