Компанијата „Џонсон & Џонсон“ уверува дека нејзината вакцина е ефикасна против делта сојот

Од:

Американската фармацевтска компанија „Џонсон & Џонсон“ уверува дека една доза од нејзината вакцина против Ковид-19, исто така, е ефикасна против делта вирусот, со имунолошки одговор што може да трае најмалку осум месеци

Според истражувањето спроведено од фармацевтска компанија врз мала група од осум лица вакцинирани со нивната вакцина, антителата и клетките на нивниот имунолошки систем го неутрализирале делта вирусот.

И друго истражување врз 20 вакцинирани пациенти од Медицинскиот центар „Бет Израел“ во Бостон ги дало истите резултати.

Податоците за овие истражувања пред објавувањето биле објавени на платформата БиоРкив, на кои научниците можат да ја стават својата работа на увид пред можното објавување во научно списание.

-Веруваме дека нашата вакцина обезбедува долгорочна заштита од Ковид-19 и овозможува неутрализирање на делта соевите, изјави Пол Стофелс, научен директор на „Џонсон & Џонсон“.

Податоците во текот на осум месеци истражување покажуваат дека вакцината за коронавирусот, што се дава во единечна доза, „произведува силен неутрализирачки одговор на антителата, што не се намалува, туку со текот на времето забележуваме и подобрување“, изјави Матаи Мамен, одговорен за истражување и развој во американска компанија.

Светската здравствена организација вчера предупреди на ризикот од нов бран на пандемијата со делта сојот на вирусот во Европа, додека бројот на заразени во Африка се зголемува со „алармантна стапка“. Пандемијата не стивнува ниту во Азија, така што од вчера во сила е нов локдаун во Бангладеш, а во Индонезија од утре се најавуваат нови ограничувачки мерки.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он