Група хакери, за кои постои сомневање дека работат за иранската Влада, нападнаа авионски и нафтени компании во Саудиска Арабија, во САД и во Јужна Кореја, соопшти денеска американска фирма за кибербезбедност „Фајрај“ (FireEye).
Групата хакери под име АПТ 33 (акроним од англиските зборови advanced persistent threat – напредна постојана закана) испраќала лажни понуди за работа, преку кои влегувала во информатичките системи на компаниите.
Групата АПТ 33 крадела податоци од компаниите во период од четири до шест месеци.
Во кодот на вирусот на АПТ 33 имало инструкции на фарси, официјален јазик во Иран.