„Комитет 1922“ го поддржа Џонсон за аргументот „акт на предавство“

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ја бранеше својата одлука да го употреби терминот „акт на предавство“ додека зборуваше за новиот закон кој го приморува да бара одложување на Брегзит доколку не успее да обезбеди договор за излез на Велика Британија од ЕУ.

На состанок со група пратеници од Конзервативната партија, позната како „Комитет 1922“, Џонсон доби поддршка за неговиот аргумент дека тој закон ја подрива неговата преговарачка позиција во Брисел и затоа што го опиша како „акт на предавство“.

Пратеници од опозицијата, но и од Конзервативната партија, вчера го критикуваа Џонсон поради таквата реторика, а некои тврдеа дека тоа не само што може да ги продлабочи поделбите, туку и да поттикне на насилство против пратениците.

Премиерот беше критикуван затоа што за време на дебата изјави дека пратениците го саботираат Брегзит.

Неговите коментари натераа една пратеничка на Лабуристичката партија да го предупреди да се воздржи од насилни коментари, затоа што таквите зборови звучат како „закани со смрт за пратениците“.

Џонсон и одговори да не зборува „сешто“.

Расправата беше одржана еден ден откако Врховниот суд одлучи дека суспензијата на Парламентот е незаконска.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот