Комисија во Домот на лордовите бара построга контрола врз кандидатките за членство во ЕУ

Од:

Комисијата за Европска унија во британскиот Дом на лордовите соопшти дека Романија и Бугарија се присоединиле во ЕУ „пред да бидат подготвени“ во 2007 година.

Проблемите со корупцијата и судската реформа треба да бидат решени пред земјите да станат членки, истакнаа лордовите. Тие посочија дека Унијата треба повнимателно да се увери дека земјите ги почитуваат човековите права и демократијата, пред тие да се присоединат кон ЕУ.

Кога Романија и Бугарија се присоединија кон ЕУ во 2007 година, одобрените критериуми, на кои земјите требаше да одговорат, не беа целосно применети, што значи дека двете земји се присоединија без доволен напредок во судската реформа и борбата против корупцијата, смета комисијата.

Тој недостиг доведе до тоа тие две земји да бидат „ставени на шините“ по присоединувањето, изјави претседателот на Комисијата лорд Бозуел. – Не можеме да дозволиме тоа да се случува повеќе, истакна тој.

Седум земји во моментот водат преговори за присоединување кон ЕУ – Македонија, Исланд, Црна Гора, Србија и Турција, Албанија и Босна и Херцеговина. Хрватска треба да се приклучи кон ЕУ на 1 јули 2013 година, со што бројот на членките на ЕУ ќе стане 28.

Лордовите исто така изразија „сериозна загриженост“ во врска со фактот дека му беше дозволено на Кипар да се присоедини кон ЕУ во 2004 година, и покрај билатералниот спор со Турција за Северен Кипар, кој сега има „тешки последици“ врз напредокот на самата Турција на патот на нејзино членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он