Коментаторот на BBC го призна злоставувањето на девојчињата

Од:

Познатиот коментарот на BBC, Стјуарт Хол истакна дека е виновен за 14 случаи за злоставување на девојчиња.

Хол (83) е уапсен во јануари годинава, поради наводи злосторства направени помеѓу 1967 и 1986 година.

Иако на почетокот ја негираше вината, во средината на април пред судот призна дека е виновен, но тоа поради правни причини не можело да се објави се до денес.

Неговиот адвокат Криспин Ајлет нагласи дека на Хол му е жал поради тоа што го направил и дека сака да им се извини на жртвите.

BBC денес соопшти дека повеќе нема да има договор со Хол, а пресудата се очекува да биде донесена на 17-ти јуни.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година