Командните центри на НАТО ќе бидат отворени на 3. септември

Од:

Командниот центар на НАТО во Букурешт ќе почне со работа на 3. септември, изјави романскиот министер за одбрана Мирча Душа.

– На 3. септември во исто време, во 11 часот, во сите шест држави од источната граница на Алијансата ќе почнат со работа командните центри, посочи Душа.

Командните центри на Алијансата така наречени единици за интеграција на силите на НАТО (NFIU – NATO Force Integration Units) ќе има во Романија, во Бугарија, во Полска, во Естонија, во Летонија и во Литванија. Нивната мисиија ќе биде да го координираат транзитот на силите за брза реакција на НАТО, кога ќе се прераспоредуваат во конфликтните реони. Одлуката за создавање на шесте центри беше донесена во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност

Столтенберг: Ќе биде потребен дијалог со Русија за да се стави крај на војната во Украина

Големо предупредување од Путин: Тоа ќе значи војна

Предраг Петровиќ