Командантот на „Слободната сириска армија„ Кемал Хамам е убиен од припадниците на противничка група меѓусириските бунтовници, која е поврзана со мрежата на Ал Каеда, јавуваат лондонските медиуми,повикувајки се на изјавата на портпаролот на „слободната армија“.
Хамам кој беше член на Врховниот воен совет на „Слободната сириска армија“ беше на средба со раководството на бунтовничкта група која себе си се нарекува „Исламистичка држава од Ирак и Левантот“.
На состанокот,Хамам требало да ги дискутира воените планови и заедничките операции за соборување на актуелниот претседател Башар ал Асад.
Портпаролот на „Слободната сириска армија“ изјави за британските медиуми дека не знае што се случило,освен дека командата на оваа „армија“ примила телефонски повик со кој била известена дека Хамам е убиен.
Убиството на овој висок функционер на „Слободната сириска армија“ значи натамошна ескалација на меѓусебните пресметки и борби во редовите на сириските бунтовници.
Нивните главни недоразбирања се однесуваат на тоа како да се уреди Сирија по соборувањето на Асад-во умерена, или во тврдо исламистичка држава,како што бараат разните групи кои се дел од бунтовничките сили,како што е и групата „Исламистичка држава од Ирак и Левантот“.
Во Лондон се изразува загриженост за интензивирање на непријателствата меѓу разните фракции во редовите на воружената,бунтовничка сириска опозиција,затоа што тоа го попречува испракањето на оружје за бунтовниците.
Западот, а пред се Велика Британија,САД и Франција тврдат дека со вооруување на бунтовниците ке се постигне воен баланс со силите на Асад,а тоа ке предизвика тој да се натера на преговори и на мирна транзиција и предавање на власта на опозицијата.