Цел на американската операција во Сомалија бил Кениец со сомалиско потекло, познат под името Икрима, кој е командант на исламистичката гупа Ал Шабаб, соопштија неименувани американски претставници.
Досега САД официјално не ја соопштија целта на акцијата, извршена за време на викендот во Сомалија од страна на американските специјалци од морнаричката единица „Фоки“.
Претходно, американски официјален претставник истакна дека предвидената цел во операцијата не била ниту убиена, ниту уапсена.