Колку е веројатна руската инвазија на Балтикот?

Од:

Дојче веле – Бон

Зачестените провокации од Кремљ ги натераа американските одбранбени структури да ги преиспитаат плановите во случај на руски воени интервенции. Дали се отвара нова „блоковска‟ криза?

Првпат по распадот на Советскиот Сојуз, Пентагон ги преиспитува своите планови за можен вооружен судир со Русија, пренесе американскиот магазин Форин Полиси. Тоа не значи дека Министерството за одбрана смета дека такво сценарио е неизбежно, или воопшто можно, но значи дека реакциите на официјална Москва во светот биле доволно силни да го привлечат вниманието на воените стратези во Вашингтон и да ги принудат од фиока да ги извадат старите планови и да ги прилагодат на моменталните околности.

За американските воени аналитичари посебно е загрижувачки фактот дека силите на НАТО и на САД не се целосно во состојба да ја бранат Естонија и Летонија кои би можеле да претставуваат и основна причина за конфронтација со Москва. Токму таа состојба го повлекува прашањето колку навистина е можен судир со Русија? Своето мислење во врска со тоа за Дојче веле го изнесоа тројца експерти.

Неил Мелвин, директор на Програмата за вооружени судири и управување со судирите во Меѓународниот институт за мир во Стокхолм:

Руската воена интервенција во Украина покрена круг на ексалации во односите со НАТО, при што балтичкиот регион ненадејно се најде во голема загриженост. Таа ескалација покренува безбедносна дилема околу своевидна акција и реакција: кога една страна презема одредени безбедносни чекори за да ја зајакне сопствената безбедност, другата страна автоматски се чувствува небезбедна, па и сама мора да ја зајакне својата безбедност. Веќе гледаме како Русија отворено планира отварање на нова војна, воздушни бази во Белорусија, откако НАТО објави планови за отворање на нови објекти, можни и воени бази, источно од Германија, во Полска и во балтичките земји.

Имајќи ги предвид големите опасности од оваа ексалација, со ризик од нуклеарен судир, руската интервенција на Балтикот не би била еднострана. За разлика од Украина во март и април во 2014 година, кога судирот изби во источните делови на земјата, земјите од Балтикот се добро организирани држави, со силни безбедносни структури. Освен тоа, општеството е подготвено да пружи отпор на „хибриден‟ судир и медиумска војна. Што е најважно, НАТО според своите насоки, е подготвен да ги штити балтичките земји и да спречи руска интервенција.

Во исто време, моментално расте и можноста за регионализација на конфликтите, при што акциите против Русија или руското верување дека некој е против нив, можат да предизвикаат судир во некој друг регион. Значи, ризикот дека конфликтот на Русија и НАТО или пак воен судир меѓу руските и американските сили во Сирија, можат да водат до руски напад на балтичките земји, во знак на одмазда. Со оглед на тоа, дефинитивно е неопходно да се подобри комуникацијата на линијата Русија – НАТО, како обавезен механизам за спречување на ескалација и да обезбеди двете страни да го спроведуваат Договорот на ОБСЕ од Виена, со кој се обезбедува размена на информации за воени активности. Потребно е да брзо да почне и расправа за нов режим на контрола за вооружување во Европа.

Ивер Б. Нуман, професор по меѓународни односи во London School of economics:

Лагите и изговорите Русија ги користи како оружје за слабите. Тие тактики се најдобри во новите состојби, така да било каква повреда на безбедноста на балтичките земји би била само варијација на темата која Путин до сега веќе ја пласираше. Бидејќи „слабите‟ не можат да делуваат силно, првите напади би биле со слаб интензитет.

Русија секако веќе е тука, прашање е само дали својата намера ќе се одлучат да ја покажат со акција. Нејзини најголем страв, се чини дека е тоа на Русија да се заборави како на важен играч, бидејќи смета дека на тој начин би го изгубила статусот на голема, светска сила.

Олга Оликер, директорка на Центарот за Русија и Евроазија во корпорацијата Ранд:

Мислам дека било каков вид на руска воена акција на Балтикот, во скоро време не е можна. Сепак, руската воена интервенција во Украина на почетокот исто така се чинеше невозможна, што значи дека нешто што се чини невозможно не значи дека и навистина е невозможно.

Идниот чекор е да се прашаме како таква „неочекувана‟ руска акција може да изгледа? Идејата дека Русија може воено да интервенира во земјите на Балтикот на ист начин како што тоа го направи во Украина, едноставно е невозможна.

Украина треба да се гледа од два дела. Тоа што се случи на Крим е многу специфично за Крим, за географската положба на полуостровот, за составот на населението, историјата и постоечката руска воена контрола, а сето тоа влијаеше на тоа воената интервенција да биде таква каква што беше. Во источна Украина Русија се обиде да направи некои исти работи кои и успеаја на Крим, но тоа баш и не и појде од рака па судирот многу брзо прерасна во конвенционална војна.

Што се однесува до Балтикот, можеме да претпоставиме дека Русија ќе се потруди да проба разни начини на подметнување, чисто да ја испита состојбата, но не и да се одлучи на вистинска воена акција. Балтичките земји можат дополнително да се поврзат и заедно да станат по отпорни на разни провокации. Тоа што го загрижува НАТО се силните напади, брзите конвенционални инвазии, евентуално потпомогнати со помали инциденти. Сепак, треба да се има на ум дека ќе има доволно предупредувања и доволно време да се подготват одбранбени планови.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски