Колку е Романија ранлива на терористички напади

Од:

Романија либера – Букурешт

Бранот терористички напади кои беа извршени во последно време во Франција, во Турција и во други земји блиску до Романија, но и планирањето на неуспешни атентати во областа Секујеск (област во Трансилванија населена првенствено со етнички Унгарци, што ги вклучува окрузите Харгита, Ковасна и Муриеш) на 1 декември, или случаи со младинец од Крајова кој вршеше исламистичка пропаганда, предизвикаа нови дебати поврзани со начинот на кој романските власти можат да спречат тероризам. Во тие дебати се вклучија и истражители од Факултетот за политички, административни и кмуникациски науки во рамките на Универзитетот Бабеш-Бољан од градот Клуж.

Така истражувачите од Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) кој функцонира во рамките на Универзитетот Бабеш-Бољан го разгледуваа случајот како романските власти реагираа во случајот со пожарот во клубот Колектив, и врз основа на тие набљудувања изведоа заклучоци како би реагирале властите во случај на терористички напад. Истражувањето е наречено „Како може Романија да спречи терористички закани?“ Тие заклучиле дека Романија досега била поштедена од терористички напади на својата територија, „но нема гаранции дека оваа позитивна ситуација ќе продолжи“. Истражувачите од Клуж сметаат дека романската држава треба да го искористи тој позитивен контекст за да подготви една законска рамка која ќе придонесе за намалување на ризиците на долгорочен план.

Проблеми со функционирање на демократијата

Залучоците од истражувањето се дека ефектите од евентуални терористички напади во Романија можат да бидат големи заради проблемите во функционирањето на демократијата, кои се рефлекирираат со намалено ниво на доверба во институциите. Тие тврдат дека преземените мерки би требало да бидат земени приоритетно на тој вид на функционирање на државата. Анализите во врска со транснационалните напади во последниве години покажаа дека тие се поверојатни тогаш кога има повишен потенцијал за социјална дестабилизација, се посочува во документот на ЦИД. Покрај ова, неодамнешните терористички напади во Франција „ја фатија“ Романија во полна политиочка криза, придружени со дискусии за безбедноста, предизвикани од трагедијата во Колектив, а заедно со протестите кои следуваа по пожарот во престолнината „се појави нов симптом на еден проблем кои ги поткопува темелите на романската демократија веќе извесно време: кризата во довербата во институциите на романската држава“.

– Недостигот на доверба во институциите води до следново прашање: ако романската држава не е способна да спречи или да одговори адекватно на конвенционални опасности како пожари, тогаш дали е во состојба да го заштити населението во случај на терористички закани?, посочуваат авторите на истражувањето.

Мерки за реформа

Од перспектива на политичката стабилност, на распределбата на политичкото учество во Романија и поделбата на властите во државата, неопходни се мерки за уставна и законодавна реформа со цел да го зголемат нивото на доверба кај граѓаните во политичките институции и да го стимулираат нивното учество во решавањето на конкретните проблеми, велат уште истражувачите. Тие предлагаат неколку категорични мерки со цел намалување на шансите за извршување на напади и ограничување на негативните ефекти кои би произлегле од нив. Првата конкретна метка би била повишување на транспарентноста на институциите со овластувања во националната безбедност.

– Транспарентноста би довела до подобро искористување на ресурсите и спречување на корупцијата и недемократските девијации. Освен тоа би ја олеснило соработката од страна на граѓаните. Една важна компонента за актуелизација на законодавната рамка треба да предвидува граѓанска контрола врз таквите служби. Во секоја зацврстена демократија, неопходно е како постоењето на доволни силни тајни служби, така и постоење на механизми за контрола од страна на општеството, кои ќе ги спречат зоупотребите и недостигот на транспарентност, тврдат истражувачите.

Претставниицте од Универзитетот Бабеш-Бољан уште посочуваат дека парламентарна контрола со посредство на специјализирани комисии е најчесто сретнуваниот механизам за контрола во демократските држави, вклучувајќи и во Европската унија, но Романија се одликува со фактот дека конѕролната дејност се врши од комисии составени исклучиво со членови на парламентот. Често во тие комисии има поранешни службеници во романските разузнавачки служби или луѓе кои завршиле обука во рамките на Романската разузваначка служба, додека во другите демократски држави има учество и надвор од парламентот. Освен тоа, тие членови на комисии имаат пристап до голем број политичари до такни информации со што се зголемува ризикот од искористување на тие информации за постигнување на политички цели. Во тој контекст, тие предлагаат учество на неполитички експерти од областа на проучувањето на безбедноста.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски